Темата е посветена на подобрите Линукс дистрибуции со кои можете да го оживеете вашиот „мртов“_компјутер_без_хард-диск. Се работи за лесни дистроа кои целиот оперативен систем го вчитуваат во RAM-меморијата, т.е. не им е потребен тврд диск за инсталација. Ова, сепак, значи, дека секој пат кога ќе го вклучувате вашиот компјутер/лаптоп, ќе треба да имате вметнато бутабилно CD, мемориска картичка или USB.
Започнуваме со една многу интересна дистрибуција:
Lightweight Portable SecurityОфицијална страна: http://www.spi.dod.mil/lipose.htm
LPS е Линукс-проект на американскиот Департмент за одбрана, со цел развој на Линукс-дистрибуција која ќе работи исклучиво во RAM-от на машината и која нема да остави никакви електронски траги и промени по нејзиното исклучување. Никаков вирус не може да биде впишан на хард-дискот на кој е вчитан LPS (доколку има таков), ниту пак било каква информација за тоа што е работено на компјутерот.
Firefox е дифолтен и единствен прелистувач. Има и алатка за енкрипција и криптирано праќање информации. Основната верзија тежи 185 MB, додека Deluxe верзијата со вграден Apache OpenOffice и Adobe Reader скоро 400 MB. На компјутер со 2GB RAM/1.6 GHz се вчитува за 40тина секунди, се гаси за 5.
Интерфејсот му е сличен на Windows 2000.