Криминалист
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.


Форум за криминалистика и криминологија
 
HomeLatest imagesSearchRegisterLog in

 

 Претседателски избори 2014 (23 март)

Go down 
AuthorMessage
Nick
Admin
Nick


Posts : 43
Points : 88
Join date : 2013-01-15

Претседателски избори 2014 (23 март) Empty
PostSubject: Претседателски избори 2014 (23 март)   Претседателски избори 2014 (23 март) I_icon_minitimeMon Jan 13, 2014 11:06 am

Претседателски избори 2014 (23 март) Genera10
22.10.2013 Дневник
Стојанче Ангелов е кандидат за претседател на политичката партија „Достоинство“ на претстојните претседателски избори во 2014 година.

Како што информира на прес - конференција потпретседателот на партијата Благоја Марковски активностите на партијата прво, согласно законските рокови, ќе бидат насочени на собирање 10.000 потписи на избирачи за кандидатура на Ангелов.

- Со почит кон досегашните претседатели Киро Глигоров. Борис Трајковски, Бранко Црвенковски и Ѓорге Иванов кои беа претседатели во најтешкиот период, период на создавање на независна македонска држава и одбрана на нејзиниот територијален интегритет и тешки предизивиц, ми преостанува доколку бидат избран за претседател во наредниот период на уште потешки предизвици, да ветам дека поцврсто, попринципиелно и бескомпромисно ќе се борам и ќе ги застапувам и бранам македонските национални и државни интереси, изјави Ангелов.

Од „Достоинство“ посочуваат дека генералот Ангелов ќе ги бара гласовите од незадоволните граѓани од случувањата во изминатите 20 години. Ангелов, истакна шефот на изборниот штаб Зоран Крстевски, е против промена на името на Република Македонија и против референдум како можност за, како што велат, самообезличување.
Back to top Go down
https://kriminalist.rpg-board.net
Nick
Admin
Nick


Posts : 43
Points : 88
Join date : 2013-01-15

Претседателски избори 2014 (23 март) Empty
PostSubject: Re: Претседателски избори 2014 (23 март)   Претседателски избори 2014 (23 март) I_icon_minitimeMon Jan 13, 2014 11:16 am

Претседателски избори 2014 (23 март) 07279410
13.12.2013 24Вести
Два месеца пред претседателската конвенција на ВМРО – ДПМНЕ, професорот Јове Кекеновски и официјално ја најави својата кандидатура за избор на претседателски кандидат на владеачката партија.

Кекеновски вели дека е убеден дека делегатите ќе ја препознаат неговата визија и порача дека за разлика од порано, ќе ја стави државата пред партијата.

Честопати тие се и спротивни на владејачката партија, поточно на мојата партија, дури некогаш и критични, но тоа е бидејќи јас како човек пред се сум полојален на мојата држава и граѓани, отколку на некој партиски авторитет – вели Јове Кекеновски, универзитетски професор.

Македонија да престане да биде поле на политички експерименти, почитување на уставот и државните симболи, и идентитетот како црвена линија во преговорите за името, се дел од програмата на Кекеновски со која ќе бара доверба од ВМРО – ДПМНЕ.

Кекеновски се залага претседателот да не биде само церемонијална фигура и вели дека е за граѓански наспроти етнички принцип на државата.

Преку принципот на граѓанство нема да дозволиме доминација на мнозинскиот етникум наспроти останатите етнички заедници, меѓутоа нема да дозволиме ниту тиранија на малите етнички заедници над мнозинскиот македонски народ - – вели Јове Кекеновски, универзитетски професор.

Од матичната партија на Кекеновски, ВМРО – ДПМНЕ нема став, дали има подршка за неговата претседателска кандидатура.
Back to top Go down
https://kriminalist.rpg-board.net
Nick
Admin
Nick


Posts : 43
Points : 88
Join date : 2013-01-15

Претседателски избори 2014 (23 март) Empty
PostSubject: Re: Претседателски избори 2014 (23 март)   Претседателски избори 2014 (23 март) I_icon_minitimeMon Jan 13, 2014 11:36 am

Претседателски избори 2014 (23 март) Grb_na10
За претседателските избори ќе се потрошат 4 милиони евра народни пари
24.09.2013 Утрински
Гласањето на дијаспората за претседател го поскапи речиси двојно изборниот процес
Петтите претседателски избори, што треба да се одржат напролет следната година, ќе ја чинат државата четири милиони евра. Толку пари за оваа намена се предвидени во предлог-буџетот за 2014 година, пуштен во собраниска процедура.

Проекцијата за изборниот буџет е, можеби, единствената позната работа досега за изборите што треба да се одржат за околу половина година. Најрелевантните политички партии се' уште не ги соопштуваат јавно своите фаворити, така што не се знае дали актуелниот претседател ќе бара втор мандат и колку кандидати ќе влезат во натпревар за позицијата што е формално сместена на врвот на државната хиерархија. Нема ниту навестување за темите што ќе доминираат во кампањата што претстои.

Овие претседателските избори ќе бидат речиси двојно поскапи од локалните што се одржаа во март годинава, а за кои беа одделени од буџетот околу 2,25 милиони евра. Станува збор за два различни изборни циклуси, чија допирна точка е гласањето во два круга, кое подразбира дополнителни трошоци. Но, овој пат, гласањето на дијаспората уште повеќе ја крена цената на изборите за шеф на државата.

Напролет идната година, нашите иселеници ќе имаат премиерно можност да учествуваат на избори за претседател на Македонија. Домашната изборна администрација нема досега искуство со вакво гласање - во два круга надвор од границите на државата.

Иселениците имаа прв пат право на глас на предвремените парламентарни избори во 2011 година, кои се изведоа надвор од Македонија според мнозински модел и во три изборни единици - Европа и Африка; Северна и Јужна Америка; и Австралија и Азија. Ова гласање го карактеризираше многу низок одѕив, поради што, во политичките кругови се' уште се проблематизира легитимитетот на тројцата избрани пратеници.

На претседателски избори државата е една изборна единица. Поради тоа, политичките процени се дека учеството на иселениците, во зависност од процентот на нивниот одѕив, може дополнително да ги крене и онака високите прагови за избор на шеф на државата.

Според Уставот, изборите за претседател се одржуваат во последните шеесет дена од мандатот на претходниот претседател. Ѓорге Иванов ја презема претседателската функција на 12 мај 2009 година.

„Поскапувањето“ на изборите ја зголеми значително и буџетската ставка за Државната изборна комисија за 2014, во споредба со оваа година. Иако и двете години беа изборни, за годинава ДИК доби околу 3,2 милиони евра од буџетот, а за следната година се предвидени речиси пет милиони евра за оваа институција.

Од друга страна, идниот претседател, што ќе биде инаугуриран во мај следната година, ќе располага со помалку средства, во споредба со парите што од буџетот ги доби актуелниот претседател Иванов, за последната година од неговиот мандат. Од државниот буџет за 2014, предвидени се близу 1,2 милион денари за шефот на државата, додека за минатата година таа ставка изнесуваше речиси 1,5 милион денари.
Back to top Go down
https://kriminalist.rpg-board.net
Sponsored content





Претседателски избори 2014 (23 март) Empty
PostSubject: Re: Претседателски избори 2014 (23 март)   Претседателски избори 2014 (23 март) I_icon_minitime

Back to top Go down
 
Претседателски избори 2014 (23 март)
Back to top 
Page 1 of 1

Permissions in this forum:You cannot reply to topics in this forum
Криминалист :: Кафе-муабет-
Jump to: